20. јули 2007. - Новото CD на Тоше Проески денес заминува на печатење, и до крајот на месецот би можело да се најде на пазарот. Според соопштението кое го испрати хрватскиот издавач Хит рекордс, албумот насловен Игри без граници, со вкупно 16 композиции, во продажба во Хрватска ќе се најде на 1. август, додека во Србија CD-то ќе излезе под етикета на Сити рекордс. Во Македонија, пак, стандардно, и овој албум на Тоше ќе го објави неговата продуцентска куќа Аворд Ентертејмент. Претходното, CD-то на Тоше По тебе (Пратим те), во Словенија и во Хрватска го објави Далас рекордс, а во Србија ПГП-РТС.Според првичните информации, од оние кои имаа прилика да го преслушаат албумот, станува збор за уште едно хитовско издание на Тоше, кое несомнено ќе ги засени сите балкански нови изданија, чие што објавување е предвидено до крајот на годината. Тоа, впрочем го покажа и неодамнешниот концерт на Хвар, каде Тоше ја тестираше публиката со нови песни. Реакциите беа извонредни... – стои во дописот на хрватскиот издавач.
Но, тое не се сите новости врзани за Тоше за претстојниот период. Имено, деновиве комплетно беше завршен новиот спот на Тоше, во кој учествува и хрватската пејачка и актерка, Антонија Шола, работен за темата Волим осмијех твој. Станува збор за песна која има за цел да ги поттикне најмладите правилно да ја одржуваат хигиената на забите. Како што веќе објавивме, синглот за Волим осмијех твој (објавен за Хит рекордс), до сега е продаден во 20.000 примероци, а спотот кој го режираше искусниот Дарко Дриновац е сниман на повеќе локации во Пакоштани. Во спотот се појавуваат децата од градинката Поточница, који ја испраќаат пораката за важноста забите правилно да се одржуваат...