Игри без граници на Тоше, денес оди на печатење


20. ју­ли 2007. - Но­во­то CD на То­ше Про­е­ски де­нес за­ми­ну­ва на пе­ча­те­ње, и до кра­јот на ме­се­цот би мо­же­ло да се нај­де на па­за­рот. Спо­ред со­оп­ште­ни­е­то кое го ис­пра­ти хр­ват­ски­от из­да­вач Хит ре­кордс, ал­бу­мот нас­ло­вен Игри без гра­ни­ци, со вкуп­но 16 ком­по­зи­ции, во про­даж­ба во Хр­ват­ска ќе се нај­де на 1. август, до­де­ка во Ср­би­ја CD-то ќе из­ле­зе под ети­ке­та на Си­ти ре­кордс. Во Ма­ке­до­ни­ја, пак, стан­дард­но, и овој ал­бум на То­ше ќе го об­ја­ви не­го­ва­та про­ду­цент­ска ку­ќа Аворд Ен­тер­теј­мент. Прет­ход­но­то, CD-то на То­ше По те­бе (Пра­тим те), во Сло­ве­ни­ја и во Хр­ват­ска го об­ја­ви Да­лас ре­кордс, а во Ср­би­ја ПГП-РТС.
Спо­ред пр­вич­ни­те ин­фор­ма­ции, од оние кои имаа при­ли­ка да го прес­лу­ша­ат ал­бу­мот, ста­ну­ва збор за уште ед­но хи­тов­ско из­да­ние на То­ше, кое не­сом­не­но ќе ги за­се­ни си­те бал­кан­ски но­ви из­да­ни­ја, чие што об­ја­ву­ва­ње е пред­ви­де­но до кра­јот на го­ди­на­та. Тоа, впро­чем го по­ка­жа и не­о­дам­неш­ни­от кон­церт на Хвар, ка­де То­ше ја те­сти­ра­ше пуб­ли­ка­та со но­ви пес­ни. Ре­ак­ци­и­те беа из­во­нред­ни... – стои во до­пи­сот на хр­ват­ски­от из­да­вач.
Но, тое не се си­те но­во­сти вр­за­ни за То­ше за прет­стој­ни­от пер­и­од. Име­но, де­но­ви­ве комп­лет­но бе­ше за­вр­шен но­ви­от спот на То­ше, во кој учес­тву­ва и хр­ват­ска­та пе­јач­ка и актер­ка, Ан­то­ни­ја Шо­ла, ра­бо­тен за те­ма­та Во­лим ос­ми­јех твој. Ста­ну­ва збор за пес­на ко­ја има за цел да ги пот­тик­не најм­ла­ди­те пра­вил­но да ја одр­жу­ва­ат хи­ги­е­на­та на за­би­те. Ка­ко што ве­ќе об­ја­вив­ме, синг­лот за Во­лим ос­ми­јех твој (об­ја­вен за Хит ре­кордс), до се­га е про­да­ден во 20.000 при­ме­ро­ци, а спо­тот кој го ре­жи­ра­ше искус­ни­от Дар­ко Дри­но­вац е сни­ман на по­ве­ќе ло­ка­ции во Па­ко­шта­ни. Во спо­тот се по­ја­ву­ва­ат де­ца­та од гра­дин­ка­та По­точ­ни­ца, ко­ји ја ис­пра­ќа­ат по­ра­ка­та за важ­но­ста за­би­те пра­вил­но да се одр­жу­ва­ат...